Meмфис Депај минатото лето беше на мата на Барселона, но на крај Каталонците не успеаа да се договорат со Лион околу висината на оштетата.
Депај со Барселона се поврзуваше веќе со месеци и многумина веќе го сметаа за играч на Каталонците, сепак на крајот трансферот пропадна. Неодамна се појави вест и дека Барселона се откажала од намерата да го доведе, но изгледа не е така.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Каталонците во текот на летото поради финансиската ситуација не сакаа да издвојат 20 милиони евра колку што бараше францускиот клуб.
Холанѓанецот има договор до крајот на сезоната и јасно е дека Лион сега ќе мора да ја намали цената ако не сакаат да го изгубат бесплатно во текот на летото.
Реномираниот „АС“ денес објави дека Депај во јануари ќе дојде во Барселона и тоа за само пет милиони евра. Оваа вест звучи малку чудно затоа што не е јасно зошто Лион би ја намалил цената за дури 15 милиони евра.