Како што знаете Англичаните секој декември играат најмалку седум натпревар, а тоа е случај и оваа година.
До крајот на годината преостануваат уште три кола, а една од работите кои се во центарот на внимението се фудбалерите кои имаат голем број на жолти картони и кои се под закана за суспензија, а таквата ситуација понекогаш може да биде и одлучувачка во борбата за титулата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во густиот распоред кога на фудбалерите им е потребен одмор непланираните суспензии секако не се добродојдено, но во Премиер лигата има едно интересно правило.
Имено, сите картони се бришат од 1 јануари, а тоа значи дека доколку „издржат“ да не пожолтат и да добијат петти жолт картон, оние кои новата година ќе ја дочекаат со четири тогаш ќе бидат без картони.
До тогаш пред англиските клубови се уште три кола, а во дел од тимовите веќе има неколку фудбалери со по четири жолти картони.
Во најголем проблем се тимовите од Манчестер, Сити и Јунајтед имаат дури по тројца фудбалери со по четири картони. Во Сити на чекор од суспензија се Компани, Фернандињо и Сане, додека во Јунајтед во таква ситуација се Ерера, Рохо и Јанг.
Следуваат Тотенхем и Арсенал кои имаат по двајца. Хари Кејн и Јан Вертонген се „претставниците“ од Тотенхем, додека во Арсенал тоа се Алексис Санчез и Гранит Џака.