Дома Фудбал Англија Премиер лигата во новата сезона со ново правило!

Премиер лигата во новата сезона со ново правило!

Новата сезона во Премиер лигата ќе донесе и едно ново правило поврзано со фудбалерите кои имаат желба да симулираат.

Една од најзначајните промени во правилата во сезоната која наскоро ќе започне во Премиер лигата е поврзано со фудбалерите кои се обидуваат да изглумат прекршок. Оние фудбалери кои ќе одглумат прекршок и кои ќе се превртуваат по теренот, глумејќи повреда ќе бидат суспендирани.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Предвидено е суспензијата да биде во траење од два натпревари.

За спорните моменти ќе одлучува комисијата која ќе биде составена од еден поранешен судија, поранешен менаџер и поранешен фудбалер. Комисијата ќе одлучува само во случај судијата да не ја санкционира симулацијата и не ја наведе во својот извеатај после натпреварот.

Арбитрите ќе имаат право и да ги исклучат играчите ако проценат дека тежината на симулирањето одговара за таква санкција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дешам го објави списокот на Франција за ЕП 2024, во него неколку изненадувања

Дидиер Дешам изненади со списокот на играчи за ЕП. Во него има двајца големи повратници и …