Кристал Палас се придружи на Баерн, Дортмунд, Ливерпул и Наполи во трката за трансферот на срспскиот фудбалер од Ајнтрахт, Лука Јовиќ.
Првиот стрелец во Бундес лигата (12 гола) е амбициозна цел на лондонскиот клуб, на кого им е неопходно засилување во нападот во зимскиот трансфер период откако што пропаднаа преговорите со Батшуаи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ајнтрахт ќе го откупи договорот на позајмениот Јовиќ од Бенфика за шест милиони евра, според претходно склучениот договор, а потоа ги очекува висок надомест од најмалку 40 милиони евра.
Доколку 21-годишниот голгетер се придружи на сонардоникот Лука Милијевиќ, капитенот на Кристал Палас, би станал најскап платен фудбалер во клубот, бидејќи би го срушил рекордот на Бентеке од 32 милиони евра.
Тоа значи дека и Црвена Звезда ќе земе пари од овој трансфер поради „придонес на солидарност“. Тоа инаку значи 2.5% од вкупниот трансфер, но се пресметува и времето поминато во клубот од 15. до 21. година. Со оглед на тоа што Јовиќ „Маракана“ ја напушти со 18., црвено-белите би требало да земат 2.5%.
Но, не само од тие 40 милиони колку што ги нуди Кристал Палас, туку и од оние 12 колку што Ајнтрахт треба да ги плати на Бенфика за откупната клаузула. Што значи, сума од 1.3 милиони евра ќе заработи Звезда.
Јовиќ оваа сезона ја импресионираше Европа со одличните игри, бидејќи на 23 натпревари постигна 17 гола.