Дома Трансфер зона Премиерлигашка битка за ѕвездата на Милан

Премиерлигашка битка за ѕвездата на Милан

Челзи се приклучи во битката за потписот на плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер.

22 годишниот фудбалер ја игра првата сезона како член на Милан по неговиот трансфер од Емполи и со своите настапи го привлече вниманието на големите европски екипи кои го посакуваат во своите редови.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бенасер има откупна клаузула од 50 милиони евра и доколку го сакаат треба да ја платат таа сума бидејќи Милан не сака да преговара за негов трансфер.

Манчестер Сити веќе подолго време покажува интерес за Алжирецот, а Челзи во него гледа идеална замена за Жоржињо.

Треба да се спомене дека неговиот талент помеѓу првите го забележа Арсен Венгер кој во 2015 година го доведе во вториот тим на Арсенал за 500.000 евра.

Минатата година блесна во дресот на Емполи, а потоа беше прогласен за најдобар играч на Африканскиот куп на нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал продава три ѕвезди

Арсенал и оваа сезона не успеа да стигне до шампионската титула, па на лето ќе прави мала …