Дома Трансфер зона Премиерлигашка битка за ѕвездата на Милан

Премиерлигашка битка за ѕвездата на Милан

Манчестер Јунајтед му се приклучи на градскиот ривал Манчестер Сити во битката за потписот на плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер.

22 годишниот фудбалер ја игра втората сезона како член на Милан по неговиот трансфер од Емполи и со своите настапи го привлече вниманието на големите европски екипи кои го посакуваат во своите редови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бенасер има откупна клаузула од 50 милиони евра и доколку го сакаат треба да ја платат таа сума бидејќи Милан не сака да преговара за негов трансфер.

Треба да се спомене дека неговиот талент помеѓу првите го забележа Арсен Венгер кој во 2015 година го доведе во вториот тим на Арсенал за 500.000 евра.

Минатата година Бенсер пристигна на Сан Сиро откако беше прогласен за најдобар играч на Африканскиот куп на нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…