Ѕвездата на Милан и шпански репрезентативец, Сусо би можел да се врати во англиската Премиер лига, пренесуваат италијанските медиуми.
Имено, Челзи, Ливерпул и Тотенхем покажуваат сериозен интерес за 24-годишниот Шпанец, кој игра фантастично во дресот на Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сусо и оваа сезона е еден од најдобрите играчи во Серија А и после девет одиграни кола има 3 гола и дури 7 асистенции.
Сусо има договор до 2022 година, но проблем за Милан е што во неговиот договор има откупна клаузула од „само“ 40 милиони евра, сума која не претставува проблем за англиските клубови.
Шпанецот од 2010 до 2015 го носеше дресот на Ливерпул, но играше само за младинците и никогаш не доби шанса во првиот тим, а потоа се пресели на „Сан Сиро“ како слободен играч.
Раководството на Милан нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и наскоро ќе започне преговори за продолжување на договорот и „бришење“ на откупната клаузула.