Дома Трансфер зона Премиерлигашите „полудеа“ по младиот Велшанец

Премиерлигашите „полудеа“ по младиот Велшанец

Тотенхем спрема понуда од 50 милиони фунти за играчот за врска на Борнмут, Дејвид Брукс, пренесуваат англиските медиуми.

Брукс игра фантастична сезона и неколку гиганти од Премиер лигата покажуваат инетерс за неговиот потпис.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Покетино го следи младиот талент на Велс уште кога играше во Шефилд Јунајтед минатата сезона, но Борнмут го купи за 12 милиони фунти.

Сега цената на 21-годишниот играч за врска вртоглаво порасна и Тотенхем е спремен да плати 50 милиони фунти, но ќе треба да ја победи конуренцијата.

Манчестер Јунајтед исто така е силно заинтересиран за Велшанецот и нема да жали пари за да го донесе на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…