Дома Фудбал Останато Пред 23 години Карлос го изведе ремек-делото кое го проучуваа многу светски физичари (ФОТО+ВИДЕО)

Пред 23 години Карлос го изведе ремек-делото кое го проучуваа многу светски физичари (ФОТО+ВИДЕО)

На денешен ден пред 23 години на стадионот „Жерлан“ во Лион постигнат е еден од најславните голови во историјата на фудбалот. Тој ден Франција и Бразил играа во првото коло од турнирот кој го носеше името „Турнир на Франција“, тоа беше турнир смислен да биде проба пред Мундијалот во Франција идното лето.

На тој турнир учествуваа четири репрезентации – Франција, Бразил, Италија и Англија. Натпреварувањето го отворија домаќинот и Бразил, а поради еден момент во 21. минута тој многу неважен натпревар стана историски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразил доби слободен удар на 35 метри од голот на Фабијан Бартез, во тоа време еден од најдобрите светски голмани. Топката ја зема Роберто Карлос, Бразилецот го зема препознатливот залет и изведе ремек дело. Топката заврши во мрежата, а кога се гледаше повторената снимка сите останаа без коментар.

„Каков гол на Роберто Карлос, но мора да се каже со голема помош на Фабијан Бартез“, зборуваше коментаторот Драго Ќосиќ пред да ја види успорената снимка. Тогаш повлече се што кажа и се поклони на ремек-делото на Бразилецот.

Беше тоа шут и гол каков претходно не видовме, а ни потоа. Голот го доби прекарот „Банана гол“.

Со месеци по тој гол се водеа дебати дали Карлос тоа го направи намерно или случајно. Во расправата се вклучија дури физичари и математичари кои проучуваа како е можно топката да има такво движење.

„Прекрасен гол. Тој удар бара многу тренинг и тешка работа преку целата кариера. Но, целиот тој труд се исплатеше бидејќи постигнав гол за историја. Никогаш тоа не се обидов да го повторам затоа што знаев дека немаше да ми успее. Некој во иднина ќе успее, но за мене ќе остане сатисфакцијата дека бев прв“, изјави тогаш Карлос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…