Пред точно 10 години Новак Ѓоковиќ доживеа пораз поради кој можеше да ја заврши кариерата, тоа беше сигурно неговиот најболен пораз.
Се играше четвртфиналето на Ролан Гарос, Ноле имаше водство од 2:0 против Австриецот Јирген Мелцер и изгледаше дека лесно ќе ја заврши работата. Сепак, на големо изненадување на спортската јавност Мелцер со неверојатен пресврт го победи Ѓоковиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неодамна сопругата Јелена јавно зборуваше дека Ѓоковиќ сериозно размислувал да стави крај на кариерата, дури тоа го кажал на сите во неговиот тим.
За среќа на неговите фанови Ѓоковиќ го надмина кризниот период и по паузата се врати на терените и следуваа години во кои доминираше.