Дома Останати Тенис Пред три години на Ѓоковиќ му беа нудени 200 долари да изгуби, а сега е на повидок нов скандал

Пред три години на Ѓоковиќ му беа нудени 200 долари да изгуби, а сега е на повидок нов скандал

Голем скандал е на повидок во тенисот!

Овие денови во тек е истрагата на „ЗДФ“ и „ВЕЛТ“ против Макс. Х, меѓутоа откриено е и дека еден тенисер кој во кариерата има три АТП титули и е во топ 30 е вмешан во голем скандал.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Истрагата трае повеќе од една година и во неа биле вклучени 135 играчи ширум светот, а најмногу од Белгија, Франција и Шпанија.

„Станува збор за мафија од Ерменија која работи во седум земји во Европа. Тие се добро организирани и прават измами на највисоко ниво“, изјави заменикот на јавното обвинителство на Белгија, Ерик Бишоп.

Оваа година суспендирани беа повеќе од 20 тенисери, а се најавува дека наскоро би можела да биде откриена најголемата мрежа на местенки.

Пред три години и на Ѓоковиќ му беа нудени 200.000 долари за да изгуби.

„Не бев прашан јас директно, туку преку некои луѓе кои тогаш соработуваа со мене. Секако веднаш нивната понуда беше одбиена. Во тенисот нема место за местенки, сите се бориме против корупцијата“, изјави Ѓоковиќ во едно интервју.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Агаси го „отпиша“ Србинот за следната сезона: Мислам дека Ѓоковиќ ќе остане без енергија

Новак Ѓоковиќ ќе ја започне новата сезона со учество во Бризбејн (30 декември – 6 ја…