Кога скаутите на Еспањол го приметија во 2013 година на каливите терени во Африка, Ерик Баи не ни сонуваше дека еден ден ќе игра во Манчестер Јунајтед.
Баи блесна во Еспањол, направи скап трансфер во Манчестер Јунајтед, но во последно време нема среќа со честите повреди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
25-годишниот дефанзивец имаше операција на коленото поради која е надвор од терените веќе неколку месеци.
Меѓутоа, колку и да му е тешко сега, тоа не е ништо во споредба со она што го преживеа во Брегот на слоновата коска.
„Во период од само пет години продавав цигари и мобилни на улици, и играв за најголемиот клуб во светот. Животот е чудо! Кога ја примив првата плата, се сеќавам дека на сите во моето семејство им купув поклони, навистина бев пресреќен“, открива Баи.