Дома Фудбал Пред еден месец имаше срцев удар. Погледнете како изгледаше враќањето во клубот

Пред еден месец имаше срцев удар. Погледнете како изгледаше враќањето во клубот

Капитенот на англискиот премиерлигаш Лутон Таун, Том Локер (29) ги посети своите соиграчи на тренингот на клубот еден месец откако доживеа срцев удар за време на натпреварот во Премиер лигата против Борнмут. Локер падна во 59. минута од натпреварот во средината на декември.

Лекарите на двата клуба веднаш притрчале на помош, а по лекарската интервенција тој се освестил. Веднаш бил пренесен во болница каде што му бил инсталиран ICD (Implantable Cardioverter Defibrillator).


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Навистина уживав кога ги гледав сите момци. Не сум ги видел од она што се случи, па навистина ми е убаво да ги видам сите“, рече 29-годишниот дефанзивец, а клубот објави видео од неговото враќање на социјалните мрежи.

Да си активен цел живот, не само фудбалски, туку општо во се останато, а потоа ти велат дека не можеш ништо, беше доста тешко“, додаде тој.

Средбата со соиграчите и менаџерот на Лутон, Роб Едвардс, беше полна со емоции. „Успеав да издржам, но беше емотивно. Беше многу тешко време пред се за неговото семејство, но беше одлично за нас што го видовме“, рече Едвардс.

„Тој е импресивна и фокусирана личност. Има процес на рехабилитација, но оди полека, има дете на пат и тоа е неговиот главен фокус“, додаде тој.

Лутон Таун моментално е во зоната за испаѓање, односно на 18. место во Премиер лигата со 16 бодови. На последните две позиции се Барнли со 12 и Шефилд Јунајтед со десет бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…