Дома Трансфер зона Пред две години беше светски шампион, а сега ќе игра во Серија Б

Пред две години беше светски шампион, а сега ќе игра во Серија Б

Eкипата на Реџина е блиску до доведување на францускиот фудбалер Адил Рами.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот француски фудбалер во претходните неколку месеци беше член на руски Сочи, но го напушти овој тим без ниту еден одигра натпревар.

Светскиот шампион од 2018 година сепак нема долго време да биде без нов клуб. Тој се договорил со екипата на Реџина и ќе се обиде на овој тим да му помогне во борбата за пласман во италијанската Серија А.

Нема да биде Рами единственото големо име кое ќе игра за Реџина. Тука од поодамна е поранешната голема надеж на Милан, Хашим Мастур, а клубот ги ангажираше Жереми Менез и Кајл Лаферти.

Рами сигурно ќе биде големо дефанзивно засилување за Реџина која гради сосема респектабилен тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…