Дома Фудбал Италија Предводникот на „Волчицата“ признава: Заљубен сум во Иниеста

Предводникот на „Волчицата“ признава: Заљубен сум во Иниеста

Ди Франческо за легенраниот играч за врска на Барселона и неговите разлики со Франческо Тоти, но и шансите на „Римската волчица“ во утрешниот меч на „Ноу Камп“.

Рома пристигна во Барселона, каде утре од 20:45 ќе го има најголемиот тест на квалитет во досегашниот дел од сезоната.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тимот кој беше прв во групата со Челзи и Атлетико Мадрид, а потоа го елиминираше украински Шахтјор, заслужува почит, но во утрешниот меч е потполен аутсајдер.

Римјаните се свесни за таквиот факт, но немаат намера да се откажат пред време.

„Очекувам тежок меч. Барселона дома во ЛШ оваа сезона прими само еден погодок, но без оглед на тоа имаме позитивен став. Ја заработивме оваа шанса и мораме да ја искористиме“, истакна Ди Франческо.

Рома има проблем со повредите. Џенгиз Ундер не отпатува во Барселона, додека Наинголан се уште е неизвесен.

„Барселона е многу силна и не и се потребни дополнителни предности. Процентите да заигра Наинголан се 50“, додаде стратегот на Римјаните.

Шпанските медиуми го запрашаа Ди Франческо да ги спореди Иниеста и Франческо Тоти.

„Како некој кој бил играч за врска, јас сум заљубен во Иниеста. Тој е играч кој импресионира со својата креативност. Тоти направи историја во Рим, но во прашање се различни играчи, со различни карактеристики“.

Постојат ли слаби точки во Барселона?

„Ако нешто може да биде слаба точка, тогаш тоа е кога играат против агресивни противници. Доколку успеете да ги притиснете на почетокот на акцијата, тоа може да претставува голем проблем за нив“, заклучи Ди Франческо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …