Дома Трансфер зона „Предавство“ во Холандија: Ајакс го купи најдобриот играч на Феенорд!

„Предавство“ во Холандија: Ајакс го купи најдобриот играч на Феенорд!

Холандскиот гигант Ајакс успеа да му зададе голем удар на големиот ривал Феенорд.

Нов играч на Ајакс e Стивен Бергхуис за кого Ајакс плати 5.5 милиони евра оштета. Ривалството помеѓу Ајакс и Феенорд е едно од најголемите во фудбалот и Бергуис од денес сигурно важи за „предавник“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Имам 29 години и не е тајна дека сакам да одам чекор напред. Важно ми е да се развивам како гудбалер. Со изборот на новиот клуб си овозоможив борба за трофеи, а и играње за репрезентацијата во иднина“, изјави Бергуис.

Навивачите на Феенорд брзо се огласија откако нивниот миленик потпиша за Ајакс.

„Се чувствуваме измамено и предадено, но тоа не треба да не плаќи. Не ги поддржуваме ваквите работи. Очигледно е дека не постоел ниту процент клупска љубов, станува збор за други работи“, наведено е во објавата на навивачите од Ротердам.

Бергхуис за Феенорд минатата сезона одигра 41 натпревар, постигна 21 гол и запиша 16 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…