Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е блиску до договор со Ница за трансфер на килниот напаѓач Алан Сент – Максимин.
„Росонерите“ го сакаа Сент Максимин уште во зимскиот преоден рок, но тогаш Ница не сакаше да се откаже од својата ѕвезда бидејќи не можеше да најде замена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
21-годишниот крилен напаѓач игра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Борусија Дортмуд и Атлетико Мадрид исто така се силно заинтересирани за Французинот и се спремни да испратат понуда.
Меѓутоа, француските медиуми тврдат дека Сент Максимин има договор со „росонерите“ и сака преселба во Милано, па останува уште двата клуба да ја договорат сумата на трансферот.
Наводно спортскиот директор на Милан, Леонардо во наредните денови ќе отпатува во Франција на средба со раководството на Ница и ќе се обиде да го договори трансферот.
21-годишниот крилен напаѓач во последно време влезе во конфликт со тренерот Виеира и е незадоволен што клубот не му дозволи во зимскиот преоден рок да се пресели на „Сан Сиро“.
Ница за неговата слобода бара 25 милиони евра, а италијанските медиуми тврдат дека Леонардо ќе се обиде да го договори трансферот за 20 милиони евра плус бонуси.
Францизинот веќе има договор со „росонерите“ и на „Сан Сиро“ ќе заработува 2 милиони евра по сезона.