Хрватскиот стратег Нико Ковач вчера доби отказ во Баерн Минхен, па Баварците сега се во потрага по нов тренер.
Медиумите веќе шпекулираат со неколку имиња, но најголема желба на Баерн е актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
И самиот Тен Хаг е заинтересиран да седне на клупата на Баерн, но тоа не сака да го направи во текот на сезоната, туку по завршувањето на сезоната.
49-годишникот го продолжи договорот со екипата, но сега има можност да работи во еден од најдобрите клубови во Европа. Дури и челниците на Ајакс се свесни за тоа, и нема да му стојат на патот.
Челниците на Баерн се веќе во преговори со холандскиот стартег, но тешко дека ќе можат да го убедат веднаш да се пресели во Минхен.
Поради тоа многу веројатно е дека Баварците ќе наместат привремено решение до крајот на сезоната, а следното лето ќе го промовираат Тен Хаг во нов кормилар.