После две децении Лионел Меси ќе ја напушти Барселона, ова е веќе извесно со оглед на тоа што потврди доаѓаат од сите страни од Каталонија. Во овој момент како фаворит за неговиот потпис се споменува Манчестер Сити.
Како што тврди каталонското радио (РАЦ1), Феран Сориано започнал преговори со Меси и неговите луѓе и веќе му е понуден договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно Сити на Аргентинецот му нуди договор на две години и неговата вредноста засега не е познати, а Меси пред раководството на „граѓаните“ поставил едно барање.
MESSI-CITY
— Gerard Romero (@gerardromero) August 26, 2020
Ferran Soriano está liderando las negociaciones con en el entorno del jugador.
El City le ofrece 2 años en Manchester
Le mantienen la ficha del Barça
El argentino pide la continuidad de Guardiola en el banquillo (le queda 1 temporada)@EsportsRAC1 pic.twitter.com/jLb5iDFzy8
Меси сака Пеп Гвардиола да остане тренер на Сити додека тој е во клубот. Договорот на Пеп истакува наредното лето и ова всушност е барање на Меси да се продолжи договорот на Гвардиола.
Очигледно Меси е цврсто решен да замине, а ќе видиме дали Сити ќе биде неговата наредна дестинација.