Дома Трансфер зона Преговорите започнаа: Милан ја сака ѕвездата на Лион!

Преговорите започнаа: Милан ја сака ѕвездата на Лион!

Ракводството на Милан активно работи на засилување на тимот со цел да обезбеди пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

Во досегашниот дел од преодниот рок Милан ги ангажираше Тео Ернандез и Раде Круниќ, веќе е договорен трансферот на Бенасер, но „росонерите“ не планираат да застанат тука.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат италијанските медиуми, раководството на Милан започнало преговори за холандскиот репрезентативец Мемфис Депај.

Депај сака да си замине од Лион ова лето и неговите агенти вчера пристигнаа во Милано на средба со Бобан и Малдини. „Росонерите“ се силно заинтересирани за играчот и наскоро ќе испратат официјална понуда.

Лион за неговата слобода бара 40 милиони евра, а италијанскиот клуб е спремен да понуди 30 милиони плус бонуси.

„Спортмедиасет“ тврди дека Милан е спремен да го продаде Сусо и со тоа да го финансира трансферот на Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Леверкузен

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пр…