Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан би можел да го продаде Сусо во зимскиот преоден рок.
За 26-годишниот Шпанец силен интерес покажува Севиља, која е спремна да понуди 25 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сусо оваа сезона не игра на посакуваното ниво и Милан е спремен да го продаде, но за неговата слобода бара 30 милиони евра.
Двата клуба се во напредни преговори и се очекува во наредните денови со вклучлување на бонуси да биде „испеглана“ разликата од 5 милиони евра.
Оваа сезона Сусо настапи на 15 натпревари во Серија А, на кои постигна еден гол и две асистенции. Неговиот договор со Милан важи до 30 јуни 2022 година.