Дома Топ вести Преговорите во застој: Стерлинг го напушта Манчестер Сити

Преговорите во застој: Стерлинг го напушта Манчестер Сити

Преговорите помеѓу Манчестер Сити и Рахим Стерлинг за нов договор наидуваат на сериозни потешкотии, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголем проблем е платата на фудбалерот, па двете страни не можат да најдат заеднички јазик.

Стерлинг од раководството на „граѓаните“ бара неделна плата од 300.000 фунти, што би значело 15 милиони по сезона. Меѓутоа, Манчестер Сити не е спремен да ги задоволи неговите барања и покрај фактот што Стерлинг е важна карика во тимот на Гвардиола.

Актуелниот договор на Стерлинг истекува во 2020 година, па следното лето англискиот репрезентативец ќе влезе во последната година од договорот.

Поради тоа „граѓаните“ сакаат што е можно побрзо да постигнат договор за продолжување на соработката, а доколку не успеат во тоа до крајот на сезоната голема е веројатноста дека Стерлинг ќе биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…