Дома Фудбал Останато Први информации за повредите на двете ѕвезди на ПСЖ

Први информации за повредите на двете ѕвезди на ПСЖ

neymar mbappe

Навивачите и раководството на ПСЖ стравуваа кога во вчерашните натпревари повреди заработија нивните две најголеми ѕвезди – Мбапе и Нејмар.

Нејмар одигра само осум минути во пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Камерун, бидејќи беше заменет поради болки во препоните. Од друга страна Мбапе мораше да излезе од игра во натпреварот помеѓу Франција и Уругвај после еден незгоден пад.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа беше доволно да се вклучи аларамот на „Паркот на Принцовите“, посебно што шампионот на Франција за седум дена го очекува важен натпревар во Лигата на шампионите против Ливерпул.

„Им благодарам на сите кои ми испратија пораки за поддршка на Инстаграм и ми посакаа брзо враќање. Не е ништо сериозно“, напиша Нејмар.

Слична информација изнесе докторот на репрезентацијата на Бразил.

„Изгледа дека не е ништо сериозно“, краток беше Родриго Ласмар.

Кога во прашање е Килијан Мбапе засега нема официјални информации. Француските медиуми шпекулираат дека младата супер ѕвезда исто така добро поминал и дека ќе биде спремен за натпреварот против Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се најавува ново правило во Премиер лигата: Против биле само Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Астон Вила

Премиер лигата неодамна најави воведување на ново правило кое ќе ги ограничи трошоците на …