Дома Останати Првиот човек на УФЦ: Конор не е во пензија, чека да го направиме среќен

Првиот човек на УФЦ: Конор не е во пензија, чека да го направиме среќен

Претседателот на УФЦ Дан Вајт гостуваше во емисијата „Гејм Он! Вегас“ и помеѓу другите теми зборуваше и за Конор Мекгрегор кој неодамна објави дека се пензионира од борбите во УФЦ.

Вајт смета дека Конор не е во пензија и дека се уште можат на некој начин да го убедат да се врати во октагон.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не, тој всушност не е во пензија. Тука едноставно постојат некои работи кои Конор ги сака и мислам дека сака да се најде и да разговара лице во лице со мене. Ќе го одработиме тој разговор во идните недели и верувам дека ќе најдеме некое решение. Гледајте, се сомневам дека сме пружиле на друг борец респект, каков што му пруживме на него. Освен тоа заработи многу пари“, изјави Вајт.

Конор се пензионираше, но изгледа дека тоа е негов начин на решавање на проблемите. Така барем мисли првиот човек на УФЦ кој се надева дека ќе пронајде решение да го врати Ирецот. Конор сакал да биде дел од сопственичката структура на УФЦ, но Дан Вајт тоа не му дозволил.

„Преговорите застанаа кога тој бараше да биде дел од сопственичката структура на УФЦ. Но, погледнете ја ситуацијата во кошарката. Мајкл Џордан никогаш немал дел од НБА лигата, но и понатаму е симбол за ова натпреварување. Конор е многу вреден за овој спорт и за нашиот бренд, УФЦ. Ќе биде тешко, но мислам дека постојат и други начини да го направиме срќен. УФЦ ќе постои и после Конор Мекгрегор и после Дан Вајт и сите останати“, изјави претседателот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…