Првиот човек на „Волчицата“ е бесен после испаѓањето од Лигата на шампионите.
Претседателот на Рома, Џејмс Палота изјави дека неговиот фудбалски клуб „ограбен“ во вчерашниот натпревар против Порто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вчера во Лисабон се играа продолженија кои беа среќни за домаќините. Главниот судија на натпреварот, Чакир после прегледувањето на ВАР снимката сметаше дека контактот на Флоренци бил доволен за најстрога казна и покажа на белата точка.
После натпреварот во јавноста зборуваше првиот човек на Рома.
„Минатата година баравме ВАР во Лигата на шампионите бидејќи не оштетија во полуфиналето. Сега има ВАР и повторно се ограбени. Патрик Шик очигледно беше соборен во казнетиот простор. Уморен сум од овие сра*а. Се откажувам“, изјави Палота.
Рома во првиот натпревар победи со 2:1, а Порто во реваншот на својот стадион со споменатиот гол во продолженијата стигна до победа од 3:1. Најстрогата казна за Порто ја реализираше Алеш Телеш.
Набрзо после тој погодок, Патрик Шик падна во шеснаесетникот на Порто, но Чакир тогаш после констултација со ВАР собата не отиде да ја гледа снимката и покажа играта да продолжи.