Дома Трансфер зона Прва изјава на Вернер по потврдата за трансферот во Челзи

Прва изјава на Вернер по потврдата за трансферот во Челзи

Денес и Челзи и Лајпциг потврдија дека Тимо Вернер од наредната сезона ќе игра на „Стенфорд Бриџ“.

Поради ситуацијата со коронавирусот како што е познато европските натпреварувања ќе се завршат во август, а Лајпциг тогаш нема да го има Вернер на располагање затоа што тој порано ќе се пресели во Челзи. Вернер на Челзи ќе му се придружи по завршувањето на сезоната во Бундеслигата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На некој начин Вернер така му го врти грбот на клубот и нема да му помогне на Лајцпиг да направи уште поголем успех во Европа. Сепак, тврди дека германскиот тим засекогаш ќе остане во неговото срце.

„Среќен сум што одам во Челзи, ова важен момент за мене, се селам во голем клуб. Секако сакам да се заблагодарам на Лајцпиг и фановите за одличните четири години. Секогаш ќе останете во моето срце. Сега гледам напред кон новата сезона, новите соиграчи, новиот тренер и фановите на Челзи“, изјави Вернер за официјалниот сајт на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Модриќ донел одлука!

Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ одлучил кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид…