Дома Фудбал Прва изјава на Алегри по потресот во Јувентус

Прва изјава на Алегри по потресот во Јувентус

Во Јувентус се случи вистински потрес откако пред два дена си замина комплетната управа на чело со Андреа Ањели, па така се најавуваше дека можеби ќе има промена и на клупата.

Сепак, набрзо Џон Елкан кој ја има највисоката менаџерска позиција во компанијата која го поседува Јувентус потврди дека Алегри ќе остане. Елкан јасно потенцираше дека нема да има промена на клупата и покрај се што се случуваше.

По таа изјава на Елкан во италијанските медиуми се огласи и самиот Алегри.

„Убаво е да чувствувате блискост со важните акционери и затоа му благодарам на Џон Елкан за тие зборови. Во изминатите години секогаш можев да сметам на поддршката на Ањели со кого сум и пријателски врзан. Тој наш пријателски однос нема да биде завршен со неговото заминување од претседателската функција“.

„Андреа и Џон се референтни фигури за светот на Јувентус кој мора да остане и понатаму фокусиран на секоједневната работа“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прилеп се простува од Ристо Глигороски, голгетерот што ги обележа Победа и Вардар

Ристо Глигороски почина на 76 години. Зад себе остави значајна голгетерска трага во Победа…