Италијанскиот гигант Интер не се откажал од идејата да го донесе Лука Модриќ во своите редови, тврдат италијанските медиуми.
Со тешката задача да го убеди Реал Мадрид да го пушти Хрватот ќе се соочи искусниот Бепе Марота, кој неодамна го напушти Јувентус и наскоро ќе биде назначен за нов директор на „нероаѕурите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Марота веќе ги договорил сите детали со „нероаѕуроте“, а на средбата со претседателот Стивен Жанг се зборувало токму за Модриќ.
Интер минатото лето не успеа да го донесе Модриќ, иако имаше договор со неговите агенти, но се спрема за нова офанзива на Хрватот.
Марота има големо искуство и одлични односи со Реал Мадрид па ќе се обиде да го договори трансферот.
EDICOLA TS – Esclusivo, le mosse Inter: ecco il piano Zhang con Modric e Marotta – https://t.co/dvHu4NCNMr pic.twitter.com/BZBDdPEwS0
— FcInter1908 (@FcInter1908it) October 27, 2018