Дома Фудбал Првата пресконференција на Валверде како менаџер на Барса во 10 фрази

Првата пресконференција на Валверде како менаџер на Барса во 10 фрази

Ернесто Валверде веќе официјално е менаџер на Барселона. Тој го парафираше својот договор, а по неговата прва изјава како менаџер на каталонците, шпанскиот весник „Mundo Deportivo“ извади десет негои фрази на кои стави значителен акцент.

1. „Знам зошто доаѓам. Знам дека барањата се големи, Поминав низ музејот. Овие барања го прават предизвикот пред мене уште поголем. Еден страсен предизвик“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


2. „Го познавам стилот на Барса, не треба да се адаптирам, но мојата идеја е да го доразвијам овој стил“.

3. „Оптимист сум за продолжување на договорот на Меси. Тој е најдобриот фудбалер кој некогаш сум го видел. Да го тренираме ќе биде голема чест за мене“.

4. „Не мислам дека за време на престојот на Енрике, Барса се одалечила од стилот. Јас треба да му бидам благодарен на Енрике“.

5. Подобро е да започнеме силно. Суперкупот е важна цел. Ривалството со Реал е такво, што овој натпревар нема да биде како дел од подготовките“.

6. „Иниеста е важен фудбалер, важен за клубот“.

7. „Не сум размислувал дали да кажам „да“ на Барселона“.

8. Имав големи менаџери како Кројф, Клементе, Хаинкес и Ирурета. Специјалисти како Луис Енрике и Пеп“.

9. „Најтешко ќе ми биде да водам пресконференции“.

10. „Атлетико е клубот на мојот живот. Тоа е моето семство. Многу ми беше тешко да си заминам од таму“.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Порака од Борусија пред финалето: Во ваква ситуација можеме да го победиме Реал Мадрид

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на ш…