Дома Топ вести Првата виолина го напушта „Енфилд“: Црвените се подготвени да го пуштат за да ги остварат соновите

Првата виолина го напушта „Енфилд“: Црвените се подготвени да го пуштат за да ги остварат соновите

liverpool

Во Ливерпул никој за тоа не зборува, но темата е заминување на бразилската ѕвезда Филипе Кутињо во Барселона, која се уште е многу актуелна.

Ова лето ставот на клубот од „Енфилд“ за тоа прашање беше јасен, 25-годишниот не е на продажба. Зошто тогаш истото би се сменило, односно зошто Ливеруп одеднаш, на половина сезона, би го променил мислењето и е подгтовен да го пушти еден од своите најдобри играчи да се пресели на „Камп Ноу“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зошто самиот Кутињо, кој оваа сезона повторно е одличен, би се откажал од главните улоги во еден од најголемите клубови на Англија во пресрет на Светското првенство? Одговорот лежи во една изјава на стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп по прашањето за заминувањето на Бразилецот:

„Клучот е доведување на играчи во вистински момент. Така ние го правие тоа кога сакаме да доведеме некого“.

Минатото лето секако не беше вистински момент. Сезоната не беше почната, подготовките беа во екот и секоја екипа зад затворени врати ја сложуваше својата кадровска сложувалка. Ливерпул не сакаше да се најде во ситауција бесмислено да мора да бара на фудбалскиот пазар адекватна замена за Кутињо. Не сакаше да се најде во ситауција во која се најде токму Барса по продажбата на Нејмар.

Меѓутоа, сега ситуацијата драстично се промени. „Црвените“ релативно добро стојат во првенството, освен Кутињо, забележана улога во тимот имаат и Фирмино и Салах, така да со неговата загуба не би останале без „магија“ во нападот. Исто така, Ливерпул би имал доволно време во трансфер периодот да пронајде адекватна замена за Бразилецот.

Од другата страна, можеби ова е и вистинскиот момент за Кутињо да ја подигне кариерата на повисоко ниво. Доколку и понатмау сакаат да го доведат 25-годишниот играч, времето секако работи за Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…