Во Лацио пристигна за 7.500 евра и е вистинска ѕвезда. Буквално лета по теренот. Како и секој вистински спортист, води здрав живот и јаде исклучиво пилешко, лосос и зачин. Има своја соба на стадионот, а сепка по 150 настапи се обиде да побегне од клубот.
Се работи за орелот, односно орлицата, познатата маскота на Лацио кое го носи името Олимпија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Една од најголемите атракции на стадионот Олимпико пред секој меч на римскиот тим секако е ритуалот кој Олимпија го изведува.
Нејзината задаќа е пред почетокот на мечот да направи три круга околу стадионот и потоа да се врати на своето место.
За таа должност е добро платен и има договор од 125.000 евра годишно. Истиот помеѓу останатото пропишува дека мора да биде нахранета со најдобро месо- само пилешко, лосос и евентуално зајак можат да бидат послужени за неа.
Сепак дека светот на живтоните не познава и не признава пари и богати договори покажува и примерот со миленичката на сите во Лацио.
Таа побегна од клубот, или барем се обиде. Лацио како домаќин загуби од Торино со 3:1, а лошиот резултат го наговести Олимпија, која полета регуларно, но наместотрите круга, одлета на кровот на стадионот и ги исплаши сите во клубот.
Инаку за потсетува, Олимпија истото го стори и во 2010. година, а причината за тоа се уште не е позната.