Дома Трансфер зона По шокатната вест молк на „тема“ Икарди – се спрема ли Италија за нешто спектакуларно?

По шокатната вест молк на „тема“ Икарди – се спрема ли Италија за нешто спектакуларно?

icardi

Се спрема ли нешто големо во Италија?

Во Италија после веста за шокатната трампа помеѓу Јувентус и Интер настана вистински молк на тема „Икарди“. Клубот молчи, не се огласил ниту самиот фудбалер, а дури и Ванда не излегува во јасноста што не наведува да размислуваме дека можеби Аргентинецот е веќе спремен на нешто.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Братот на Паоло Дибала дополнително ги зголеми шпекулациите објавувајќи слика од Икарди и Дибала во дресот на репрезентацијата, алудирајќи на тоа дека би можеле да заиграат во ист клуб.

Медиумите во Италија тврдат дека Икарди е разочаран.

Наводно очекувал новиот договор да му биде понуден веднаш по завршувањето на првенството и освоеното четврто место, Ванда тогаш истакна дека дошло времето за преговори и дека сакаат таа ситуација да се реши што побрзо. Интер не се огласи.

Се пишува и дека Икарди е разочаран од таквиот однос и веќе размислува за понудите.

Икарди во овој момент се поврзуваше со Челзи, Бензема можеби би отворил место во Реал, а кога во прашање е Јувентус тоа би било навистина неверојатно, сигурно и по спектакуларен трансфер од оној на Бонучи минатото лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …