Дома Топ вести По само неколку месеци соработка со Јувентус: ПСЖ најблиску до потпис со Колумбиецот

По само неколку месеци соработка со Јувентус: ПСЖ најблиску до потпис со Колумбиецот

Судејќи по она што го пренесуваат италијанските медиуми, вицепрвакот на Франција би можел да биде посилен за скорешниот фудбалер на „Старата дама“.

Јувентус нема потреба да го продаде, но управата е јасна и нема да им стои на патот на оние играчи кои сакаат да заминат. Пред само неколку месеци од Челси го откупија договорот на колумбискиот репрезентативец, Хуан Квадрадо, но веќе сега би можеле да го продадат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секако тоа ќе се случи, само доколку на адреса на тимот од Торино пристигне атрактивна понуда, но кога ПСЖ е заинтересиран за некој играч, тогаш се очекува и дека таквата понуда ќе пристигне.

Имено, Парижаните би сакале некогашниот играч на Челси и Фиорентина да премине во нивните редови, Колумбиецот не сака да замине, но од друга страна, Парижаните би можеле да бидат и тоа како убедливи.

Покрај „Светците“ уште неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги, а најчесто споменувани се екипите на Арсенал и Милан. Во јуни како што се наведува, се состанале претставниците на ПСЖ и Јувентус, а Французите ја искористиле можноста да се распрашаат за можноста Квадрадо да го преселат на „Паркот на Принцовите“.

Се претпоставува дека во случај на ваква понуда 330 милиони евра би биле доволни за да се убеди „Старата дама“ да го пушти да замине, но се уште ќе бидеме во дилема за ваквиот епилог.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …