Дома Фудбал По само еден натпревар, на Меси му беше укажана голема чест во Интер од Мајами

По само еден натпревар, на Меси му беше укажана голема чест во Интер од Мајами

Лионел Меси одигра само еден натпревар за Интер од Мајами и по само еден настап во дресот на овој клуб, Аргентинецот доби голема чест.

На изненадување на многумина, Лионел Меси летово реши да замине во МЛС како слободен играч од ПСЖ и потпиша за Интер Мајами.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изненадувањето беше уште поголемо бидејќи во моментот на потписот за овој клуб постојано се поврзуваше со враќање во Барселона или трансфер во арапскиот Ал-Хилал.

Како и да е, Меси реши да оди на Флорида со Дејвид Бекам, а веќе во првиот натпревар постигна гол од слободен удар за победа во 94. минута.

Тој беше капитен на тимот на овој натпревар, но не се знаеше дали тоа беше само за да му се оддаде почит само за дебито. Сега се знае и тоа.

Имено, одлучено е Лионел Меси да биде новиот капитен на тимот, а оваа одлука на прес-конференцијата ја потврди и тренерот на Интер, Херардо „Тата“ Мартино.

Тие двајца се познаваат долго време. Тие соработуваа во Барселона и во репрезентацијата на Аргентина, па оваа одлука е уште помалку изненадувачка ако се земе тоа предвид.

Така Лионел Меси ќе ја носи капитенската лента на првиот натпревар пред домашните навивачи во среда наутро, кога гостува Атланта Јунајтед.

Инаку, Лионел Меси има договор со Интер од Мајами до крајот на 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…