Дома Фудбал По Меси уште еден фудбалер на Барса се огласи: Без Нејмар сме подеднакво добри и во нападот и одбраната

По Меси уште еден фудбалер на Барса се огласи: Без Нејмар сме подеднакво добри и во нападот и одбраната

Иако поминаа скоро четири месеци откако Нејмар за сума од 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ, за неговиот трансфер сеуште се зборува.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако, првата ѕвезда на тимот Лионел Меси зборуваше за ситуацијата во клубот по заминувањето на Нејмар сега се огласи и хравтскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ.

„Факт е дека со Нејмар во тимот игравме повеќе атрактивно и сигурно дека во тој поглед ни недостасува, но со неговото заминување дефинитивно добивме поголема рамнотежа и до сега ни оди добро“.

Ракитиќ исто така потврди дека со задоволство би го вратил Нејмар во клубот.

„Доколку имам таква можност веднаш би го вратил во тимот. Тој е тип на играч кој секој тим би го посакал и навистина ќе бев среќен доколку останеше. Сега го променивме стилот на игра и подеднакво сме добри во нападот и во одбраната. Без оглед што освојуваме бодови сеуште имаме простор за напредок“, заврши Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Атлетико поднесе жалба против Барселона поради Хулиан Алварес

Раководството на Атлетико Мадрид поднесе официјална жалба до ФИФА и Кралската шпанска фудб…