Дома Македонски спорт Почнува 58-от континентален куп во нордиско скијање „Мавровски Меморијал“

Почнува 58-от континентален куп во нордиско скијање „Мавровски Меморијал“

Најстариот скијачки куп на Балканот и еден од најстарите ски купови во Европа и светот, „Мавровски Меморијал“, од  2 – 4 февруари, под покровителство на министер за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска Јанковска, по 58. пат ќе го направи Маврово главен спортски центар.

Настанот се одржува во спомен на 38-те градители на хидро системот „Маврово” и 14-те граничари кои ги загубија животите во снежна лавина во 1956 година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Срцето на планината Бистра, деновиве ќе биде главно збиралиште на врвни професионалци и вљубеници во зимските спортови кои се залагаат за подигнување на овој спорт на највисоко ниво.

На снежната патека„Мирна Долина” ќе се докажуваат најдобрите репрезентации од регионот, под комплетна супервизија на официјални лица од „FIS“. Укажаната доверба од „FIS“ се потврдува и со доделување на признанија и медали на најдобрите балкански натпреварувачи во текот на целата сезона.

Организатори на настанот се Агенцијата за млади и спорт, Скијачката федерација и ски здружението Мавровски Меморијал. Традиционален генерален спонзор е А.Д. ЕСМ. Помагатели се општина Маврово и Ростуше и национален парк Маврово.

Со положување на цвеќе пред споменикот на градителите и спасувачите, организаторот и покровителите денеска ќе го означат официјалниот почеток на настанот.

Трките на 5 и 10 километри во слободен стил ќе се одржат на 3 и 4 февруари.

Првиот „Мавровски меморијал“ го организираа група ентузијасти во 1957 година, со идеја да не се заборави големото дело на загинатите градители и спасувачи. Во годините потоа, настанот стана традиционален и се запиша на мапата на најзначајните спортски манифестации дома, но и во меѓународни рамки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…