Дома Трансфер зона Почна „чистката“: Реал му продаде напаѓач на Лацио

Почна „чистката“: Реал му продаде напаѓач на Лацио

Тренерот Зинедин Зидан веќе почна да прави тим за следната сезона, а за некои фудаблери нема да има место во тимот.

Медиумите пишуваат дека Реал Мадрид го продал Борха Мајорал за 15 милиони евра. 23-годишниот Шпанец игра одлично сезонава на позајмица во Леванте, а следната сезона ќе се пресели во Лацио.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид ставил клаузула во договорот според кој може да израмни понуда на друг клуб доколку Лацио сака да го продаде во иднина.

Мајорал ја почна кариерата во младинскиот состав на „кралевите“, а во дресот на Леванте постигна девет гола на 36 меча.

Реал ова лето сака да се ослободи од уште неколку фудбалери, а први на листата се Герет Бејл, Хамес, Маријано Дијаз и Брахим Дијаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…