Тажен ден за македонскиот ракомет. Почина првиот селектор на машката репрезентација на Македонија, Славе Атанасовски – Чаве.
Македонија под негово водство во 1993 година го одигра првиот официјален репрезентативен натпревар на меѓународен турнир во Романија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Атансовски е роден 1945 година во Скопје, а кариерата како играч ја започна во Партизан, потоа беше дел од Графичар, сегашен Вардар, настапуваше уште за Борец, Металург и Пролет.
Атанасовски беше селектор и на женската репрезентација на Грција, а на клупско ниво тренер на повеќе македонски екипи.