Дома Останати Почина Дане Вучков, борачот на златната генерација на Бучим од Радовиш

Почина Дане Вучков, борачот на златната генерација на Бучим од Радовиш

По кратко боледување почина борачот на златната генерација на Бучим од Радовиш, Дане Вучков.

Вучков беше дел од генерацијата која го прослави македонското клупско борење и активен чинител на успехот на Боречкиот клуб „Бучим-Јака“ до европското злато во 1995-та и светското злато во 1996-та година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На патот кон светската титула Бучим славеше против унгарската екипа Чепел, турскиот клуб Тедаш и легендарниот американски шампион Дејвид Шулц,

афирмирајќи ја Македонија со светски спортски успех, претворајќи го личниот сон во колективен и национален.

Дане беше неизоставен дел од екипата, тешкаш кој носеше клучни победи.

Вучков повеќекратен шампион на Македонија и во поединечна и во екипна конкуренција.

Погребот на Дане Вучков ќе се изврши на 24.07.2023 (понеделник) во 12 часот на градските гробишта во Радовиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз после голема борба во четвртфинале во Мадрид

Карлос Алкараз во меч кој траеше речиси три часа Шпанецот го победи Штруф  и се …