Дома Македонски спорт Мак ракомет Почеток на продажба на сезонски билети за мечевите на РК Вардар

Почеток на продажба на сезонски билети за мечевите на РК Вардар

Од денеска (30 август, 2021) од 12 часот, почнува продажбата на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар1961 што ќе ги игра клубот на домашен терен, во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и домашното првенство.

Продажбата на сезонските билети ќе трае до 14 септември 2021 година, а потоа доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата, за што дополнително ќе има известување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Натпреварите ќе бидат организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Истите ќе бидат со ограничен број на публика. За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански“ ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …