Дома Трансфер зона Потрошија 85 милиони евра, но тоа не е се, Клоп тргнува по нов дефанзивец!

Потрошија 85 милиони евра, но тоа не е се, Клоп тргнува по нов дефанзивец!

akanji

Екипата на Ливерпул нема намера да застане ниту по купувањето на Вирџил Ван Дијк за кого платија 85 милиони евра и така го направија најскапиот дефанзивец во историјата.

Според англиските медиуми, на мета на „црвените“ повторно е дефанзивец и тоа 22 годишниот Мануел Акањи од Базел кој е и репрезентативец на Швајцарија и кој одлично игра оваа сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Лигата на шампионите беше командант на одбраната која во натпреварите против Бенфика, ЦСКА и Манчестер Јунајтед успеа да не прими погодок. Акањи во групната фаза одигра 540 минути.

Младиот дефанзивец со нигериско потекло во последните шест месеци успеа да стигне и до место во репрезентацијата на Швајцарија каде што стана незаменлив член.

Според информациите Ливерпул има намера да го доведе Акањи пред почетокот на Светското првенство каде што се очекува да прикаже одлични настапи и со самото тоа неговата цена која сега изнесува околу 20 милиони евра, да порасне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…