Дома Трансфер зона Потер во Челзи го носи „миленикот“ од Брајтон

Потер во Челзи го носи „миленикот“ од Брајтон

Грем Потер го замени Томас Тухел на тренерското столче во Челзи и доби голема доверба од новите сопственици на клубот.

Англиските медиуми пренесуваат дека раководсвото ќе му даде солиден буџет за зимски засилувања, а позната е најголемата трансфер желба на Потер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Станува збор за неговиот „миленик“ од Брајтон, Моизес Каиседо, кој ова лето беше на мета на многу европски гиганти.

Одличниот Колумбиец пристигна во Брајтон за 5,5 милиони евра и под водство на Потер буквално „експлодираше“. Тој се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата, а Потер го гледа како идеална замена за Канте.

Моизес има договор со Брајтон до 2025 година, па Челзи ќе мора да плати 50 милиони евра за да го доведе на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…