Изненадувачки утрово се појави информација дека Ливерпул набрзина го завршил трансферот на Каиседо од Брајтон за 110 милиони фунти, дури и Клоп потврди дека има договор помеѓу клубовите (ТУКА). Сепак, изгледа дека работата не е завршена.
Јирген Клоп на денешната прес-конференција изјави:
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Бев известен и можам да потврден дека е постигнат договор помеѓу клубовите. Сакаме да го доведеме играчот“, изјави Клоп.
Но, договорот помеѓу клубовите би можел да не значи многу затоа што сега пристигнуваат нови информации – Каиседо сака само во Челзи!
Челзи догло време преговара за неговите услуги, меѓутоа никако не успева да најде заеднички јазик со Брајтон.
Според информациите кои ги објави експертот за трансфери Фабрицио Романо, Каиседо ги известил луѓето во Брајтон и Ливерпул дека инсистира на трансфер во Челзи. Во следните часови се очекува Ливерпул да испрати нова понуда и да се обиде да го убеди да каже „да“.