Tимот на Челзи го сруши рекордот за еден играч во Премиер лигата кој го постави Арсенал неодамна со трансферот на Даклан Рајс.
Нов фудбалер на „сините“ ќе биде Каиседо од Брајтон за кого Челзи ќе плати сума од 115 милиони фунти (133 милиони евра). Но, одлична сума од целиот трансфер ќе заработи и клуб од Еквадор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Брајтон го доведе Каиседо за пет милиони евра од Индепендиенте Дел Вале, а тогаш клубот во договорот вметна клазула за процент од следната продажба на фудбалерот.
Сега со тој процент овој клуб ќе добие сума од 27 милиони евра и така веројатно ќе се обезбеди за следните неколку години. Договорот кој ќе го потпише Каиседо со Челзи ќе биде со важност до 2031 година.