Дома Фудбал Италија Потврди првиот човек на Бреша: Балотели може да го промени клубот во јануари

Потврди првиот човек на Бреша: Балотели може да го промени клубот во јануари

Балотели многу брзо, после само шест месеци ќе ја напушти Бреша.

Претседателот на Бреша, Масимо Челино потврди дека Марио Балотели ќе го напушти клубот без оштета.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Контроверзниот бизнисмен порача дека не би бил изненаден ако Супер Марио ја напушти Бреша поради расистичките испади да трибините.

„Марио е тажен бидејќи не може да се фокусира само на фудбалот. За него играњето во Серија беше голема жртва, мислеше дека е многу поедноставно. Во јануари е слободен да замине, може да бира. Не би сакал тоа да го направи, двајцата би го изгубиле облогот“, изјави Челино за локалните медиуми.

Балотели за Бреша потпиша ова лето и на девет натпревари постигна два гола во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …