Дома Трансфер зона Потврди од сите страни: Пасторе пред враќање во Серија А

Потврди од сите страни: Пасторе пред враќање во Серија А

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Хавиер Пасторе најверојатно во зимскиот преоден рок ќе го напушти „Паркот на принцовите“ и ќе се врати во Серија А.

Паторе го загуби местото во тимот со доаѓањето на Нејмар и Мбапе, па е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа пред Светското првенство следната година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кога играм се чувствувам добро, кога не играм не. Знам дека неколку клубови се интересираат за мене, но не знам што ќе се случи. Доколку заминам од Париз би сакал да се вратам во Серија А“, потврди Пасторе.

Најсериозен интерес за Аргентинецот покажува милански Интер, кој е спремен дури да го „жртвува“ Жоао Марио за да го донесе Пасторе на „Џузепе Меаца“.

Агентот на фудбалерот исто така потврди дека Пасторе е заинтересиран за преселба во Интер, па останува уште клубовите да се договорат околу трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…