Дома Трансфер зона Потврден нов интерес за Андрес Иниеста

Потврден нов интерес за Андрес Иниеста

Со солзи во очите Андрес Иниеста пред неколку дена ја соопшти свјата одлука за напуштање на Барселона каде што ги помина своите најдобри денови од кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иниеста кој веќе има 33 години одлучи да ја промени средината, но се уште не е потврдено каде иако на големо се пишуваше дека постигнал договор со Кинезите.

Сепак денешените медиуми пишуваат дека во игра се вмешал и клуб од Австралија, лига која може да се пофали дека успеала да доведе великан како Алесандро Дел Пиеро.

Еден од првите луѓе на сојузот од оваа земја, Давид Галоп потврди дека еден клуб се обидува да го доведе Иниеста.

„Нема да го именувам клубот, но знам дека постои голем интерес од еден клуб од нашата лига“, изјави Галоп.

Како и да е едно е сигурно, Иниеста кариерата ќе ја продлжи надвор од Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…