Дома Трансфер зона Потврдено: Милан добива ново засилување!

Потврдено: Милан добива ново засилување!

Екипата на Милан не застана, продолжи да се засилува, реномираниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, пренесува дека „росонерите“ успеале да договорат нов одличен фудбалер.

Станува збор за напаѓачот на Фиорентина, Никола Калиниќ. Хрватот пристигнува како позајмен фудбалер, но италијанскиот гигант ќе биде приморан да го откупи неговиот договор идното лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според, тоа „виолетовите“ ова лето ќе добијат пет милиони, а наредното нови 20. Калиниќ во изминатиот период не тренираше со клубот од Фиренца, а дека разделбата е на повидок потврдува и тоа што Џовани Симеоне го доби дресот со број девет кој беше во сопственост на Калиниќ.

Медиумите пренесуваат дека се воделе долги преговори и дека во текот на изминатата вечер договорот бил постигнат, а преку социјалната мрежа тоа го потврди и Џанлука Ди Марцио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Викендот кој следи може да биде посебен за Килијан Мбапе

Во викендот кој следи францускиот голгетер, Килијан Мбапе би можел да го одигра својот пос…