Италијанскиот напаѓач Патрик Кутроне, кој во летниот преоден рок се пресели од Милан во Вулверхемптон, после само шест месеци се враќа во Серија А.
Италијанските медиуми потврдија дека Фиорентина постигнала договор со англискиот клуб и Кутроне вечерва треба да пристигне во Фиренца на лекарски прегледи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанецот не се избори за место во првиот тим кај „волците“, па во потрага по поголема минутажа инсистираше да се врати во Серија А.
Според договорот Кутроне пристигнува на 18-месечна позајмица, а Фиорентина ќе има обврска да го откупи за 16 милиони евра.