Екипата на Интер успеа во своите редови да го доведе еден од најталентираните италијански фудбалери.
„Нероаѕурите“ можат да се пофалат дека го обезбедија потписот на Салседо, 16, годишник кој беше желба на скоро сите големи италијански клубови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На крајот Интер победи во трката со понудата од 15 милиони евра и Федерико Валиети, што е навистина голема понуда за еден фудбалер кој има 16 години.
Енрико Пресиози, претседателот на Џенова го потврди трансферот на младиот Еди Салседо, како и доаѓањето на Федерико Валиети во Џенова.
„Интер успеа да го доведе Салседо, а ние имаме опција да го откупиме подоцна. Ние го доведовме Валиети кој ќе биде испратен на позајмица во Авелино. Навистина веруваме дека Валиети може да биде одличен играч“, изјави Пресиози.